- Advertisement -
Занимливости

Горилите и орангутаните ги ставиле во карантин за да не се заразат од луѓето со корона вирус

Горилите и орангутаните - Работник
137views

Резерватите за горили и орангутани се затворени во текот на пандемијата на корона вирусот, но не поради тоа луѓето да не се собираат во поголем број, туку да се заштитат овие животни и да им се овозможи да не бидат заразени од луѓето со корона вирус.

Ветеринарите кои работат со животните се обврзани да носат маски и ракавици, а секој кој ќе влезе во паркот мора да ја измери температурата и да ги дезинфекцира облеката и чевлите.

„Здравјето на овие животни ни е најважно и затоа е клучно да ги заштититиме од овие болести“, соопштиле управниците на резерватите.

Тие истакнале дека вработените во праковите добиле специјални дозволи, за да смеат да ги напуштат домовите и да дојдат во праковите за да се грижат за животните.

Додека животните во резерватите се колку толку безбедни, постои страв за заболување во дивината, бидејќи научниците велат дека луѓето и понатаму одат во шумите, каде има горили и орангутани за да соберат дрва и на тој начин, доколку се заразени, можат болеста да им ја пренесат на овие преубави животни.

Advertisement