Горлив проблем на германските компании: Недостигот од работници поголем предизвик од инфлацијата

Недостигот на квалификувана работна сила, и покрај проблемите со зголемената инфлација и прескапата енергија, е најголемиот предизвик за средните компании во Германија, според Институтот за мали и средни претпријатија (IfM).

Повикувајќи се на анкета на повеќе од 1.000 менаџери во текот на јули и август, ИФМ наведува дека 36 отсто од нив го навеле растечкиот дефицит на квалификувани работници како најголем предизвик.

На второ место со 28,2 отсто е предизвикот на климатските промени и одржливоста, пред снабдувањето со енергија со 22,9 отсто и дигитализацијата со 14,9 отсто. Инфлацијата и енергетската криза го заземаа само петтото место во истражувањето со 12 отсто.

„За време на истражувањето, испитаниците јасно одговараа на прашањата за кризата и инфлацијата, но сепак како најголем предизвик го опишаа проблемот со недоволниот број квалификувани работници и демографските промени“, вели Анет Ајкс од ИФМ.

Некои од анкетираните компании веќе го опишуваат недостигот од нови работници како клучен проблем за опстанок на бизнисот.