МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Гостивар: Стопроцентен штрајк во сите училишта (Видео)

Гостивар: Сите просветни работници штрајкуваа - Работник
302views

 

Просветните работници во сите училишта во Општина Гостивар влегле во штрајк, велат од Регионалниот одбор – Гостивар на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК.

Според нив, поддршката од родителите била силна, а притисоци од страна на директорите воопшто немало, што, како што велат тие е навистина позитивно. Од Регионалниот одбор на СОНК во Гостивар порачуваат дека сакаат зголемување на платите и подобар социо – економски статус на просветните работници, бидејќи тие се стожер на нашето општество.

На просветните работници во штрајкот им се приклучиле и техничките и административните служби на училиштата.

 

Бобан Илијевски