ЕкономијаСвет

Го зголемуваат додатокот: Минималец од 402 евра и за невработените

Го зголемуваат додатокот - Работник
110views

Владата на Словенија предложила амандмани на Законот за пазарот на трудот со кои минималниот бруто додаток за невработеност би се зголемил од 350 на 530 евра.

Како што пренесуваат медиумите, со тоа нето износот на додатокот би се изедначил со минималната плата во таа држава која моментално изнесува 402 евра.

Извршната власт во Словенија ги променила и условите за утврдување на траењето на паричниот додаток за невработените со цел, како што навеле, да се активираат постарите категории на жители кои не невработени, пренел пораталот Investitor.me.

По новиот предлог, паричниот додаток во траење од 19 месеци ќе биде исплаќан на осигурениците постари од 53 години кои ги исполнуваат условите на осигурувањето подолго од 25 години.

Новчаниот додаток од 25 месеци би бил исплатуван на осигурениците кои се на 58 годишна возраст за стаж на осигурување подолог од 28 година.