ЕкономијаМакедонија

Градежниците бараат враќање на укинатите ДУП-ови и забрзување на постапките за градба

178views

Враќање на укинатите Детални урбанистички планови, тргнување на мораториумите за градба во Центар и Охрид и почитување на роковите за давање одобрение на градба од општините.

Ова се барањата на градежните компании, во спротивно, ќе трпи градежниот сектор и 26 други сектори кои се директно поврзани.

-Ние сега имаме пракса во 2019 година каде што роковите се пролонгираат 220 дена, а не 20 дена. Ова е еден апел до сите општини сериозно да си ја сфатат работата. Ако еќе имаме закони, тие закони треба да се применуваат и треба секој да се држи до своите надлежности. Една од причините кои што покрај тоа што има укинување на ДУП-ови и мораториуми, ние се соочивме со пракса на недавање одобренија на веќе креирани барања, кои што мислам дека не е дозволиво, вели претседателот на Градежната комора, Ивица Јакимовски.

Од општина Центар велат дека до пролет поголемиот дел од општината треба да биде ослободен од мораториумот, но распишувањето на изборите може да го одолговлечи процесот. Досега донесени се 5 ДУП-ови, а 5 треба да се донесат. Со тоа, полека се отстранува мораториумот за градба во Центар.

Со новиот предлог-закон за легализација на дивоградбите бенефит ќе имаат геодетските компании, бидејќи ќе добијат нов фронт за работа. Но, од геодетската комора не очекуваат драстична промена на цената за изготвување геодетски елаборати.

-Ние сме во процедура на донесување на тарифник за извршени геодетски активност. Во наредниот период нема некое драстично намалување, зголемување на цените на геодетските услуги, вели претседателот на Геодетската комора, Горан Јованоски.

Според предлог-законот, ќе се легализираат дивоградбите изградени до 1 октомври годинава, но изземени се дивоградбите во охридскиот регион кој е под заштита на УНЕСКО.

Извор: Сител