Градоначалникот Филип Темелковски пред празнично подели новогодишни пакетчиња
Во пресрет на големиот христијански празник католички Божиќ, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ го посетија католичкиот манастир на Сестрите мисионерки на љубовта.
При оваа посета, Темелковски и Шимиќ, децата кои живеат во манастирот во Кисела Вода ги израдуваа со новогодишни пакетчиња. Градоначалникот Темелковски на сестрите кои неуморно се грижат за децата, ги чуваат и едуцираат им се заблагодари за хуманата мисија.
Манастирот околу 30 години служи како дом за згрижување на деца, самохрани мајки, бездомни, болни и изнемоштени лица. Во истиот секојдневно оброк добиваат и повеќе од 70 сиромашни луѓе.
Темелковски на децата кои во центарот секој работен ден се едуцираат и се подготвуваат за во училиште им подели новогодишни пакетичња. На крајот од средбата, дечињата на градоначалникот и на претседателот на Советот им подарија новогодишни цртежи.
Дневниот центар во Кисела Вода го посетуваат 20 дечиња.
Извор: Кисела Вода
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024
- Во петок прв официјален Економско социјален совет - 05/12/2024