Занимливости

Градот лежи на 72 тони дијаманти, но не може да се збогати

Градот лежи на 72 тони дијаманти - Работник
76views

Жителите на градот Недлинген во Германија знаат дека живеат на тони дијаманти, но немаат намера да го разурнат за да се збогатат.

Нердлинген во германската сојузна држава Баварија настанал на дијаманти кои потекнуваат од пред 15 милиони години, кога астериодот ја погодил Земјата.

Геолозите проценуцаат дека ширината на астероидот била еден километар, токму како и денешниот Нердлингер, а бил тежок околу три милијарди тони. Ударот ги зголемил температурата и притисокот доволно за да настане мешавина на стакло, кристал и дијаманти, односно суевит.

Се проценува дека има околу 72 илјади тони дијаманти на подрачјето на Нердлингер, пренесува хрватскиот портал Дневник. Кога милиони година подоцна пристигнале првите жители, немале поим дека куќите ги градат врз скапоцена земја.

Со години верувале дека потеклото на кратерот е вулакнско се до шеесетите години на минатиот век кога е потврдено дека се работи за астероид. Суевитотот го користеле како градежен материјал, не знаејќи дека се состои од ситни дијаманти.

Така, црвката Св. Јури и средовековните ѕидини во Нердлинген се многу повредни од што се чинат. Иако количината на дијамнатите е огромна, жителите за нив не можат да добијат добра цена бидејќи се помали од 0,2 милиметри, па немаат намера да го разрушат градот за да дојдат до богатството.

Меѓутоа, германскиот град профитира на друг начин. Од целиот свет пристигнуваат туристи за да ја разгледаат светкавата аритектура и да го посетат музејот Рис кратер, во кој се наоѓаат примероци од кратерот кој го направил астероидот.