- Advertisement -
ЗанимливостиМагазин

Градот Норилск во Русија во постојани петдневни врнежи од снег

Градот Норилск во Русија - Работник
142views

Норилск е најсеверниот град во Русија и втор најголем град во арктичкиот круг.Овој индустриски град е и еден од најстудените градови, со просечната температура  -10 степени, а кога ќе настапи поларната ноќ, која обично трае од 30 ноември до 13 јануари, температурите се спуштаат и до -30 степени Целзиусови.

Во моментот, градот тоне во постојани петдневни врнежи од снег. Хидрометеоролошкиот центар во Краснојарск објави дека за неколку дена паднал снег 194 % од месечната норма. Згора на тоа, локалното население треба да се справи со ледените налети на ветерот кои достигнуваат 22-27 метри во секунда.

Во продолжение погледнете дел од фотографии што се споделени од жителите на Норилск: