- Advertisement -
Правда

Градските власти се спротивставија: „Спречете го преместувањето на Горење“

Градските власти се спротивставија - Работник
299views

Градоначалникот на Велење, Бојан Контиќ го повикал словенечкиот Премиер Марјан Шарец да ја спречи централизацијата на земјата.

Контиќ од Шарец побарал да го спречи преместувањето на претпријатието Горење од Велење во Љубљана кое го најавила кинеската корпорација Хисенсе, сопственикот на словенечкиот произведувач на уреди за домаќинство.

Advertisement

Градоначалникот Контиќ ги гледа плановите кои Горење ги најави на крајот на октомври, како уште еден чекор за централизација, за која смета дека е еден од главните проблеми во Словенија, пренесува агенцијата СТА.

Во соопштението на градот Велење наведено е дека протестното писмо на градоначлникот им е испратено на кинескиот амбасадор во Словенија, Ванг Шункинг, министерот за економија Здраво Почивалешку, Претседателот на Стопанската комора, Боштјан Горјуп и на медиумите.

Advertisement
Advertisement

Реакцијата на велењенските власти доаѓа откако Горење објави дека во рамките на процесот на интеграција ќе ги премести менаџментот и административниот дел на претпријатието во Љубљана, каде ќе се основа седиштето на компанијата Хисенсе Европа кое треба да пружа услуги на корпоративна поддршка на сите Хисенсе подружници во Европа, наведува словенечката агенција.

Произвдството треба да остане во Велење кој сега е шести најголем словенечки град во кој Горење работи од своето основање во 1950 година.

 

Advertisement