ЕкономијаМакедонија

ГРАД СКОПЈЕ ГО ПРОЕКТИРАШЕ БУЏЕТОТ ЗА 2020-ТА: НАЈГОЛЕМ РАСТ ВО КОМУНАЛНИОТ СЕКТОР

ГРАД СКОПЈЕ - Работник
143views

На денешната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година.

Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година е изработен согласно со законските одредби и Буџетскиот циркулар – Насоки за подготовка на буџетите на единиците на локалната самоуправа за 2020 година на Министерството за финансии.

Согласно со направените проценки и анализи, со Предлог-буџетот на Град Скопје за 2020 година се предлага износ од 7,3 милијарди денари вкупни приходи и други приливи. Во предлогот се планира и дел од вишокот на приходи остварен во минати години, во износ од  875.668.000 денари.

Споредено со 2019 година, предложениот буџет на Град Скопје за 2020 година, се зголемува за 12%.

Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година е изготвен врз основа на начелата на економично и рационално трошење на буџетските средства, зголемување на фискалната одговорност, отчетност и транспарентност. Планирањето на средствата преку дефинираните програми придонесува за поголема транспарентност на планираните и извршените расходи, како и нивно рационално користење.

Најголемо зголемување на планираните средства во новиот Предлог-буџет на Град Скопје има во Секторот за комунални работи каде што средствата  за 2020 се зголемени за 72% во однос на 2019 година.

Планираните приходи и други приливи во Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година, по категории се прикажани во табелата подолу, како и поединечното учество на секоја категорија на приходи и други приливи во вкупниот буџет.

Планираните расходи и други одливи во Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година, по категории на расходи е прикажано во табела 2, како што следи, при што значајно се зголемени вкупните капитални расходи во споредба со планираните во 2019 година:

Износите на секој од поединечните буџети од кои се состои вкупниот буџетот на Град Скопје за 2020 година се наведени подолу во табелата.

Додека пак во прикажаниот графикон е претставена споредбата на  буџетот на Град Скопје за 2020 година во однос на 2019 година.

Извор: Град Скопје