- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Граѓаните добиваат нова влада посветена на економски раст и развој

106views

Новата Влада предводена од СДСМ и претседателот Зоран Заев, составена од одговорни, чесни, отчетни и професионални кадри, во наредниот полн, четиригодишен мандат, посветено ќе работи на реализација на зацртаните програми, а пред се на економскиот раст и развој.

На прво место на агендата на новата влада е новата развојна македонска економија, која ќе обезбеди јакнење на стандардот на сите граѓаните.

Advertisement

Во наредните четири години ќе продолжи растот на платите, вложувањата во нови работни места, континуираната поддршка на домашниот приватен сектор и привлекување на странски инвестиции.

Новата Влада продолжува со вложувањата во младите и во рамномерниот регионален развој, посветена на грижа за сите граѓани, а особено на најсиромашните.

Advertisement
Advertisement

Членството во НАТО и интеграцијата во Европската унија носат стабилност и поттик за интензивен економски раст на државата.

Соопштение на СДСМ 

За две и пол години покажавме дека можеме да ја излечеме економијата од минус 1,8 отсто и да обезбедиме раст од 3,6 отсто, со значително покачување на минималната, просечната плата, пензиите и социјалната помош, а истовремено ја намаливме невработеноста.

Граѓаните ни ја дадоа довербата, бидејќи знаат дека во наредните четири години ќе работиме уште повеќе и уште подобро.

Advertisement