Граѓани се жалат дека во некои продавници вработените не носат заштитни маски и ракавици

Граѓани - Работник
211views
До Одделението за заштита на потрошувачите при Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) последните три дена се поднесени девет претставки чии наводи се однесуваат на актуелната состојба со корона вирусот и непочитувањето на некои од донесените мерки на Владата.
Како што велат од АХВ за МИА, потрошувачите во претставките алармираат дека во некои продавници вработените не носат заштитни маски и ракавици, не го ограничуваат влезот на потрошувачи во продавниците, не спроведуваат добри хигиенски пракси, несоодветно и нехигиенски ја вршат дистрибуцијата на леб, а алармираат и за продажба на производи со поминат рок на употреба, пишува Република.
Целосниот текст прочитајте го тука
Advertisement