- Advertisement -
ЕкономијаСветСветот на работникот

Грците кои биле во карантин ќе мораат да ги надоместат работните часови

Грците кои биле во карантин - Работник
170views

Грците кои ќе мораат да бидат во карантин поради коронавирусот, а не можат да работат од дома, ќе мораат да работат по дополнителни три часа дневно откако ќе се вратат на работа. 

Според одредбата која треба да се најде во новото законско решение, ова ќе мора да го прават за да го надоместат изгубеното време.

Advertisement

Како што наведува порталот Екатимерини, вработените кои ќе бидат во карантин седум или четиринаесет дена, како што бара Националната организација за јавно здравје, ќе примаат нормални плати, а работодавачот ќе ги покрие нивните придонеси за социјално осигурување. 

Меѓутоа, на крајот од принудното отсуство од работа, вработените ќе мораат да ја надоместат загубата на работните часови работејќи дополнителни три часа дневно, пренесува Банкар. 

Advertisement
Advertisement

Дополнителната работа нема да биде платена како прекувремена работа, но мораат да се почитуваат соодветните одредби од Законот за работни односи за ограничување на работното време.

Според Министерството за труд, новото правило е дел од пакетот на итни мерки за пазарот на труд кој е загрозен од коронавирусот. 

Втората одредба од нацрт Законот се однесува на вработените родители кои ќе се заразат со коронавирусот.  

Трошоците за отсуството ќе ги ко – финансираат работодавачите и државата. Ќе биде потребна лекарска потреба за да се одреди колку ова отсуство треба да трае. 

Advertisement