- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Грците штрајкуваа: Атина целосно била блокирана

Грците штрајкуваа - Работник
296views

Сообраќајот во деловите на Атина денеска бил запрен поради тоа што превозниците се придружиле на штрајкот заради планираните пензиски реформи.

Истовремено илјадници луѓе мирно марширале низ центарот на градот, барајќи нацартот на законот да се укине.

Advertisement

Со оглед на тоа дека подземните железници, возовите и автобусите не се сообраќале, многумина биле присилени со автомобили да одат на работа, поради што градот во кој живеат речиси четири милиони жители бил скоро блокиран.

Патничките бродови останале во пристаништата, пренел Ројтерс.

Advertisement

На еднодневниот прекин на работата повикале синдикатите од јавниот сектор кои се загрижени дека реформата ќе значи намалување на пензиите кои постепено се намалуваат од земањето на првата финансиска помош од страна на Грција во 2010 година.

Учесниците на протестот се собрале пред парламентот каде пратениците утре ќе започнат расправа за владиниот закон. Од синдикатот на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) наведуваат дека во новиот закон не постојат измени на старосната граница за пензионирање, односно дека во новиот закон се задржува границата од 67 години или 62 години, со 40 години работен стаж. Помеѓу другото, бараат враќање и на 13 и 14 плата, како и државна гаранција за сите пензии.

Advertisement