- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Грчките работници се собрале и покрај забраната за собир

Грчките работници - Работник
286views

Грчките работници и студенти носејќи маски и ракавици денеска се собрале пред парламентот за да го обележат Меѓународниот ден на трудот, пркосејќи на владината забрана за собирање поради пандемијата на корона вирусот.

Користејќи пластични ознаки за да ги почитуваат мерките за физичка оддалеченост, стотина демонстранти се собрале во организација на синдикатот ПАМЕ.

Advertisement

Мавтале со знамиња, извукувале пароли и носеле транспаренти како „Нема да се жртвувавме за шефовите“.

Ограничувањето на движењето воведено во март во склоп на националниот карантин постепено ќе се ублажува идните месеци, започнувајќи од понеделник кога повторно ќе се отворат фризерските салони и книжарниците.

Advertisement

Карантинот погодил поголем дел од работодавачите. Козервативната влада ветила дека ќе ги заштити работните места во земјата која неодамна излезе од повеќедекадната должничка криза која избришала четвртина од БДП -то на земјата.

Advertisement