ЗанимливостиСветот на работникот

Гугл открива 9 успешни особини на менаџерите

Гугл открива - Работник
57views

Не е тајна дека покрај износот на платата и условите за работа, на работникот му е важен и односот со надредениот.

Слично размислуваат и вработените на најпознатиот светски интернет пребарувач ( иако Гугл е многу повеќе од тоа) кои одлучиле да истражат кои квалитети ги поседуваат „совршените“ менаџери.

Еве до што дошле:

1. Менаџерите се добри тренери

На вработените им треба и тие ценат менаџери кои се подготвени да одвојат време за пренесување на своето знаење и кои знаат како да ги мотивираат членовите на својот тим. Не постои вработен на кој не му е потребно водство и насока, било да се работи за искусен и веќе докажан работник или било да се работи за приправник кој само што започнал да работи во компанијата. Најлошата работа што менаџерите можат да ја направат е на вработените да не им даваат фидбек и совети за работата која ја извршуваат.

2. На вработените им дава важност и не е синтичар

Прекумерното оптеретување со ситници и константното набљудување на работата на вработените, како облак кои ги покрива и го блокира пристапот до сонцето, по правило резултира со незадоволство и фрурстрација на работниците. И покрај тоа што нивните намери може се добри, со ваквиот однос на вработените им се пренесува порака дека во нив се нема доверба. Треба да се попушти јажето и да се има доверба во работниците кои на тој начин можат квалитетно да ја сработат работата.

3.Креира инклузивно опкружување, се грижи за успехот и благосостојбата на вработените

Добриот менаџер нема проблем со создавање на работна околина која дозволува преземање на ризик и правење на грешки. Имено, еден од клучните причини поради кои вработените не пробуваат нови, креативни работи кои можеби не гарантираат успех, но потенцијално донесуваат многу, се крие фактот дека не работат во опкржување кое дозволува грешки. Иако сме свесни дека не може секоја идеја да падне на плодна земја и понекогаш мораме да доживееме неуспех. Во добар дел од компаниите и понтаму грешките се гледаат осудувачки што придонесува да се има страв од неуспех.

4. Продуктивен е и ориентиран на резултати

Никој не сака да работи за мрзелив шеф. Тоа е факт. Сакаме да бидеме дел од тимот кој остварува успеси, а тие тешко се остваруваат доколку нашиот лидер не претставува пример. Ако сакате да го извлечете максимумот од вашиот тим, засукајте ги ракавите и фрлете се на работа.

5.Добар комуникатор е – ве слуша и ги дели важните информации

Ефикасното комуницирање е една од основните особини на квалитетн менаџер. За да со помош на нашите вработени ги оствариме одредените цели, најпрво мораме прецизно и јас да дефинираме што сакаме да постигнеме. Поеднакво важно место во процесот на успешната комуникација зазема и способноста за слушање на личноста со која комуницираме. Едноставно, кога ги слушате, луѓето се чувствуваат посебно цените – тоа е знак за предаденост и почит.

6. Поттикнува напредување на своите вработени и отворен е за разговор за ефикасноста

Ако сакаме да го ослободиме потенцијалот на нашите вработени и да им овозможиме личен и професионален развој од кој конкретни придобивки ќе има и самата компанија, би требало јасно да дефинираме што да очекуваме од нив и да им појасниме како тоа да го остварат. Низ разговор за ефикасноста на вработените, пружање на фидбек за нивната досегашна работа и давање на корисни совети за можни подобрувања, созадаваме околина во која е комфорно да се работи, а себеси се промовираме во менаџер каков што луѓето сакаат.

7.Има јасна визија/стратегија за својот тим

Океј, јасно на вашите вработени им појаснивте што се очекува од нив и кои се нивните индивидуални задачи, меѓутоа има уште простор за напредување и развивање на посилна врска со целите на компанијата. За да навистина би ја разбрале и прифатиле нашата корпорациска култура, членовите на нашиот тим мораме да ги запознаеме со централната визија на компанијата. Појаснете им како нивната работа се вклопува во „поголемата слика“ и зишто секој поединец е важен елемент во „механизмот“.

8.Ги има сите потребни технички знаења

Оваа особина посебно е важна за менаџерите кои се вработени во техничките професии (како ИТ секторот) каде практичното знаење во најмала рака е важно колку и теоретското. Секој менаџер треба да има обемно знаење за професијата во којашто работи.

9.Не се плаши да донесе одлука

Погоре во текстот заклучивме дека добриот менаџер има способност да слуша и да ги зема во предивд предлозите и идеите на вработените, а Гугл додава дека врвниот менаџер на основа на тие информации успева да донесе правилна одлука од која корист ќе имаат и вработените и компанијата. Додатни поени можете да добиете доколку на вработените, покрај самата одлука, им ја појасните причината зошто сте ја донеле одлуката