- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Гугл ќе инвестира над седум милијарди долари во САД, ќе креира 10.000 работни места

Гугл - Работник
161views

Повеќе од седум милијарди долари ќе потроши Гугл за купување недвижнини низ САД во 2021 година, со цел да ја прошири мрежата на филијали и центри за податоци во 19 сојузни американски држави.

Во соопштението на Гугл се вели дека од вкупната сума, една милијарда долари ќе бидат насочени само кон проширување во Калифорнија и дека целиот план ќе овозможи создавање на најмалку 10.000 работни места со полно работно време.

Матичната компанија на Гугл, Алфабет, минатата година паузираше со трошоците за недвижнини поради пандемијата и првиот годишен пад на приходите на компанијата во вториот квартал на 2020 година.