- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Дава личен пример: Марк Закерберг половина година нема да оди на работа

Дава личен пример - Работник
312views

Фејсбук на своите вработени им дава поголема флексибилност за работа вон канцелариите – а Марк Закерберг дава и личен пример.

Извршниот директор на Фејсбук им рекол на вработените дека планира да работи на далечина најмалку половина од следната година.

Advertisement

„Открив дека работата на далечина ми дава повеќе простор за долготрајно размислување и ми помага да поминам повеќе време со семејството, што ме прави среќен и попродуктивен во работата“, напишал Закеберг во посебна порака.

Фејсбук во средата соопштил дека вработените на сите нивоа на компанијата ќе им се овозможи да се пријават за работа на далечина, доколку нивната работа им дозволува. Вработените кои сакаат да се вратат во канцелариите можат тоа да го направат на флексибилна основа, но ќе бидат поттикнати да поминат најмалку половина од своето време во просториите на компанијата. Според официјалните правила на компанијата, вработените можат да работат на далечина до 20 дена.

Advertisement
Advertisement

Фејсбук исто така постепено ќе ја прошири можноста за работа на далечина од странство, започнувајќи од следната недела со вработените кои сакаат да се преселат од САД во Канада и од било кој дел на Европа или Блискиот исток во Обединетото Кралство.

Закерберг претходно рекол дека очекува дека најмалку половина од работната сила во Фејсбук да работи на далечина во следните 10 години.

Многу компании од Силиконската долина кои меѓу првите вовеле работа на далечина поради пандемијата, сега смислуваат на кој начин повторно да ги отворат своите канцеларии.

Твитер на своите вработени им дал можност засекогаш да работат на далечина доколку нивната работа им го дозволува тоа, додека Гугл на работниците им дава сами да изберат како најмногу им одговара да работат – трајно да работат на далечина, да се вратат во канцелариите или да ги сменат канцелариите од септември оваа година.

Ејпл и Убер усвоиле поригидни политики барајќи од вработените да се вратат во канцелариите најмалку три дена во неделата, исто така почнувајќи од септември.

Извор: Bizlife

Фото Beta/AP

Advertisement