Дале отказ од работа и започнале да инвестираат: Сега имаат 43 години и 19 станови

Откако ќе ја прочитате оваа приказна, претпоставката е дека ќе си помислите оти истата е базирана во САД и дека не може никако да се поврзе со Македонија, бидејќи двете држави се на многу различно ниво. Сепак, сметаме дека поуката којашто произлегува од неа нема граници, простори и теретории. На вас останува да процените. 

Приказната започнува од брачниот пар Емик од Колорадо, САД кој решил вработеноста да ја сврти во своја корист и да ризикува давајќи отказ од своите работни места и започнувајќи сопствен бизнис.

Тие денес, како што пренесува Telegraf Biznis.rs, можат да се пофалат со недвижности кои ги ги даваат по наем и нето вредност од 1,5 милиони долари (околу 1,4 милиони евра).

Како започнале?

Првиот чекор кој го презела сопругата на Крис, Деби, која по второто пораѓање добила резултати дека нејзината хронична болест се влошува. И покрај тоа, таа одлучила да продолжи да работи како учителка во основно училиште и да придонесува за семејниот буџет.

Пресвртот се случил во оној момент кога некој колега ја прашал дали ќе оди на семинарот за деловно усоврување во текот на викендот.

Како што раскажува за CNBC ја прашал дали ќе и бидат проблем парите и ѝ рекол да не се грижи оти ќе има стипендии.

Тогаш ми клијна. Дури мислам дека реков на глас дека не ми требаат пари. Ми треба повеќе време, додала таа.

Увидела дека „работи за пензија во која можеби нема никогаш да ужива“ и така одлучила во 2014 година да даде отказ.

Од класична работа до 19 недвижности во нивна сопственост

Брачниот пар одлучил да ги пренасочи своите приоритети и до 2019 година купиле дури 19 единици за изнајмување кои им донеле толкава заработка што Крис можел да ја напушти својата работа како мрежен инженер.

Имено, секоја заштеда, парите кои ги добиле од изнајмување на недвижности, ги вложувале во понатамошни инвестции.

Кога се пензионирале пред ти години, од 43 годишниот приход од закупот на недвижностите им донел заработка од 45,000 долари (околу 43,000 евра).

И покрај тоа што ги напуштиле своите дневни работни места, семејството Емик и понатаму е доста зафатено со работа. Заедно управуваат со своите инвестициски недвижности кои денес им обезбедуваат приход – без данок, осигурување и други трошоци – од 4,000 долари (околу 3,800 евра) до 6,000 долари (околу 5,700 евра) месечно.

Исто така, Деби продава специјализиран вид на осигурување за суши за ранчовите, што им носи уште 23,000 долари (околу 22,000 евра) годишно.

За семејството Емик, одењето во пензија не значи да не работат ништо. Тие планираат да работат колку да не го свртат традиционалниот баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Парот продолжува да штеди и вложува.

За CNBC рекле дека трошат од 2,500 долари (околу 2,400 евра) до 3,000 долари (околу 2,800 евра) месечно, а во последно време вложуваат во пензиски и здравствен фонд и различни финансиски сметки.

Се на се имаат околу 740,000 долари (околу 711,000 евра) за „црни денови“

Foto: Instagram/bucketyourself