ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Дали Агенцијата за вработување ги крие бројките на лица кои останале без работа поради корона кризата?

За осум месеци изгубени близу - Работник
75views

Се кријат бројките колку лица останаа без работа во јули. Од Агенцијата за вработување речиси две недели молк за поделените откази минатиот месец. Според досегашната пракса, податоците на невработените се објавуваат на крајот од тековниот месец. Последните објави на сајтот се до мај, во јуни директорката Јовановска соопшти дека бројката не невработени се зголемила за дополнителни 3.600 лица, со што од почетокот на корона кризата односно од март до јуни достигна скоро 19 илјади лица. Неофицијално во јули бројката се намалила, заради државната  помош која ја зеле фирмите и биле  обврзани да го задржат истиот број на вработени. Останале без работи околу 2,500 до 3,000 лица.  Но, бидејќи помош веќе нема, бизнисмените најавуваат масови откази во наредните месеци.

„До сега имавме помош од државата за да исплатиме плати. Во јули, август, нема Влада, нема помош. Ќе биде многу тешко, посебно во септември, октомври. Само финансиски стабилните компании, без кредити и без долгови кон добавувачи ќе опстојат на пазарот. Останатите – ако не се најде вакцина или не се спречи ширењето на вирусот, или ќе затворат или ќе го намалуваат бројот на вработени,“ вели Ангел Димитров, организација на работодавачи.

Бизнисот побара што поскоро формирање Влада, за да има нов сет мерки со кој ќе се спасат работните места. Во спротивно најавуваат и можно преполовување на вработените – посебно во текстилната индустрија. Веќе се соочуваат со откажани и намалени нарачки од странските партнери, но и драстично намален број на вработени, поради позитивните Ковид случаи. Само во источниот регион повремено беа затворени над 20 текстилни фабрики. Вработените добиле плата поради владината помош. Ако повторно стават клуч на врата, тешко дека ќе имаат пара за да поделат плати.

Агенцијата за вработување ги крие бројките колку лица останале без работа во јули. Податоците се објавуваат на крајот од месецот, речиси 2 недели од Агенција молк – колку откази поделиле компаниите.

Извор: Сител