Наука

Дали археолози ја откриле гробницата на Ромул?

Дали археолози - Работник
340views

Италијански археолози наскоро би требало да претстават „неверојатно откритие“, подземно светилиште од шестиот век пред новата ера кое би можело да биде гробница на митскиот основач на градот Рим и првиот римски крал Ромул.

Според легендата, Ромул го основал Рим со неговиот брат Рем на 21 април 753 година пр.н.е. Подоцна го убил братот и станал првиот римски владетел.

Светилиштето е сочинето од камен саркофаг долг 1,4 метар и кружна градежна структура, за која се претпоставува дека била олтар, стои во соопштението на археолошкиот парк Колосеум.

Локацијата на светилиштето сместено во римскиот Форум се совпаѓа со местото на кое, според древните записи, е закопан Ромул, стои во соопштението, во кое се додава и дека станува збор за неверојатно откритие, пишува порталот Факултети.

Целосниот текст прочитајте го тука