ЕкономијаСветСветот на работникот

Дали воопшто сакаме да се вратиме во „нормала“ кога се однесува на работата?

Дали воопшто сакаме -Работник
165views

Поради големите промени кои во нашите животи ги вовела пандемијата постојат предвидувања дека нема да се вратиме во времето на пред – корона кризата уште долго време. Сепак, кога зборуваме за работата, се поставува прашањето дали сакаме воопшто системот на вредности и работната култура да бидат како претходно.

Бизнис светот пред епидемијата се соочувал со големи проблеми со кои поголемиот дел на актерите не би сакале да се сретнат повторно.

Дискриминацијата на работно место и понатму постои. Немаат сите исти шанси, зависно од полот, расата и годините, и покрај ветувањата на компаните дека ќе ја исправат неправдата. Според Светскиот економски форум, не се очекува разликата во платите помеѓу половите да се намали во наредните 28 години.

Американските работници не сакаат враќање во нормала и корпоративна култура во која работеле пред епидемијата, покажало истражувањето кое го нарачало Have Her Back.

87 % од татковците мислат дека работата од далечина на жените им пружа повеќе можности

Според ова истражување, на пример, татковците во карантин многу потешко балансираат помеѓу работата и родителството. 31 % од нив се изјасниле дека тоа е „исклучиво тешко“, додека ваков одговор дале само 13 % од мајките. Пред глобалната пандемија, улогата за грижа на децата традиционално припаѓала на мајката, а сега дел од тој товар преземаат и татковците.

Поврзано со тоа, 87 % од татковците сметаат дека работата на далечина на жените им пружа повеќе професионални можности, особено откако ќе станат мајки.

На прашањето што би сакале во иднина да им обезбедат работодавачите, 36 % од мајките и 27 % од татковците рекле дека сакаат пофлексибилно работно време. Ова истражување открило и дека 20 % од мајките и 40 % од татковците сакаат да работат на далечина.

Истражувањето открива дека половина од испитаниците размислуваат за промена на работното место, што е последица на начинот на кој нивниот работодавач управува со работата во криза.

Оваа студија спроведена во Америка покажува дека за време на кризата се родил нов вид на социјална одговорност кај компаниите.

Од сето тоа произлегува дека враќањето на начин како претходниот и не е најсреќното решение. Компаниите кои во иднина ќе ги стават приоритетие на вработените на прво место ќе имаат најголема шанса да се трансформираат идната година.