Наука

Дали во Австралија навистина изгинале 480 милиони животни?

Дали во Австралија - Работник
777views

Минатите денови можевме да чуеме повеќе потресни податоци по кои, според научните процени, во катастрофалните пожари кои ја пустошат Австралија погинале дури 500 милиони животни. Но, дали е тоа вистина?

Таа процена ја изнел професорот Крис Дикмен, експерт за австралискиот биодиверзитет од Универзитетот во Сиднеј. Тој на 3 јануари на страната на универзитетот објавил текст под наслов „Изјава за 480 милиони убиени животни во Нов Јужен Велс од септевмри.

Дикмен во воведот на текстот толкува дека процената од 480 милиони се однесува на бројот на животни кои се „зафатени“ од пожарите, што не значи дека загинале во нив. Но, од друга страна истакнува дека процените се конзервативни, како и дека бројките би можеле да бидат значајно поголеми.

Пресметката се темели на научни студии

Во својата изјава Дикмен толкува дека неговата процена се темели на извештајот од 2007 година за влијанието на унишувањето на шумите на австралиските диви животни во Нов Јужен Велс, напишана за World Wide Fund for Nature (WWF), во која тој бил ко – автор.

„За да го пресметаме влијанието на унишувањето на шумите во оваа држава, авторите собрале процени од густината на населеност на цицачите во Нов Јужен Велс и потоа ги помножиле процените со густината на површината на вегетацијата која е одобрена за отстранување.

Процените на густината добиени од направените студии за цицачите и од студијата спроведена во другите делови на Австралија на населенија слични како оние кои постојат во Нов Јужен Велс.

Авторите намерно користеле многу конзеравтивни процени при премсетката. Вистинската смртност најверојатно ќе биде значајно поголема“, пишува Дикмен во воведот.

Некои животни би можеле да побегнат, но би настрадале подоцна

Во споменатите научни трудови се проценува дека во австралиската дивина во просек има 17,5 цицачи, 20,7 птици и 129, 5 влекачи на хектар. Проф. Дикмен просто го помножил овој број со бројот на хектари кои изгореле и дошол до бројката 480 милиони.

„Проценивме дека само во три милиони хектари во Нов Јужен Велс кои изгореле до пред десет дена, веројатно 480 милиони цицачи, птици и рептили боле зафатени од пожарите“, пишува проф. Дикмен.

„Сигурно големите животни како клоканите или емуите и голем број на птици, секако – биле во ситуација да избегаат од огновите кои се приближувале. Претпоставувам дека загрозени се видовите со помала мобилност и оние кои зависат од самата шума“, коментирал австралискиот професор за Би – Би – Си.

Имено, процените не вклучуваат бројни други видови, како жаби и бубачки.