ЕкономијаНовостиСветот на работникот

Дали граѓаните од Македонија ќе заминат да работат во Хрватска?

Дали Македонците ќе заминат да работат - Работник
486views

Хрватската Влада неодамна најави дека ќе напрви една промна во делот на пазарот на трудот – либерализација на либерализација на увозот на работна сила од трети држави односно земји што не се членки на Европската Унија.

Тоа значи дека од следната година нема да има квоти за увоз на работници, туку работодавачите пред да ангажираат странски работници ќе треба да побараат од Хрватскиот завод за вработување (ХЗЗ) да спроведе истражување на пазарот на трудот. Ако се покаже дека нема невработени лица во Хрватска кои ги исполнуваат барањата на работодавачите, фирмата ќе треба да поднесе барање за издавање на дозволи за престој и работа од Минстерството за внатрешни работи, кое по службена должност ќе бара мислење од ХЗЗ.

Тие промени треба да стапат во сила годинава, но беше покрената процедура за измена на Законот на странци, а новиот предлог закон вчера е испратеn на усвојување во Саборот.

Што значи либерализацијата на увозот на работници од земји кои не се членки на ЕУ за Македонија? 

Од Македонија веќе има голем број на луѓе кои заминаа да работат, особено во угостителскиот сектор, пред светот да го обземе пандемијата предизвикана од коронавирусот. Но, дали доколку се либерализира пазарот на труд за странски работници во Хрватска, Македонија ќе ја очекува поголем одлив на работници?

Бизнис секторот смета дека оваа одлука на Хрватска ќе влијае врз македонскиот пазар на труд. 

Од Стопанската Комора на Македонија за Порталот Работник велат дека таквата либерализација би важела само за дефицитарните занимања, за кои истата би била валидна само со склучен договор за работа на период не подолг од една година. 

„Од дефицитарните занимања на хрватскиот пазар најактуелни се оние позиции кои се поврзани со туризмот (келнери, готвачи, собраки и слично) кои најчесто се од сезонски карактер“, велат од Стопанската Комора.

Пандемијата предизвикана од Ковид -19 во голема мера го погоди токму овој сектор, па оттаму при вакви услови, од Комората, не очекуваат голем одлив на оваа група на работници, но нагласуваат дека не треба да се потцени оваа мерка, бидејќи во услови на намалена понуда на работната сила, платите на хрватскиот пазар пораснаа за 8,2 %, што дополнително го поттикнува интересот за овој пазар. 

„Сепак, зголемената понуда на работна сила на хрватскиот пазар, во услови на либерализација, каде и досега традиционално како сезонски работници се јавуваа и граѓани на Србија и Босна и Херцеговина, ќе допринесе за заситување на пазарот, стагнација, а можеби и намалување на платите во поединечни сектори“, велат од Стопанската комора. 

Што се однесува до другите сектори коишто се дефицитарни на овој пазар како ИТ, здравство, градежништво на различен начин реагираат на ваквите измени. Имено во ИТ-секторот одамна се практикува работа од далечина и неминовно голем дел од инженерите иако физички се во државата, работат за странски компании, истакнаа од Комората. 

Според нив, во делот на градежништво, сепак работниците потребно е да поседуваат одредени сертификати кои би биле меродавни пред хрватската агенција за вработување, како би можеле да работат на овој пазар, додека пак, за медицинските работници несомнено западноевропските земји се посакувана опција за градење на кариера.

Што државата треба да направи за да нема одлив на кадар во Хрватска, но и во другите земји?

Од Комората веруваат дека државата преку ресорните министерства и агенции будно ги следат промените во земјите од околината и преку стимулирање на компаниите кои делуваат во државава ќе обезбедат услови под кои стручниот кадар ќе биде мотивиран да остане и да придонесува во својата земја.

Германија веќе ги продолжи правилата за доселување на работници од Западен Балкан, по што и таму се очекува по завршувањето на пандемијата да има поголем налив на работници. Останува да се види колкав ќе биде интересот за одење на работа во Хрватска и што ќе направи Владата за да го задржи кадарот во Македонија. 

Бобан Илијевски