- Advertisement -
ЗанимливостиСвет

Дали е ова последното место во светот што слушнало за КОВИД-19?

233views

Тим на истражувачи составен од четири члена, во февруари годинава, отпатувале за Куре, атолот во Тихиот океан,  и во моментот кога се вратиле – осум месеци подоцна, биле шокирани од состојбата во која се наоѓа светот …

Атолот Куре во Тихиот океан во рамките на северозападните хавајски острови може да биде последното место во светот што „слушнало“ за пандемија на коронавирус.

Станува збор за засолниште на диви животни управувано од Министерството за земјиште и природни ресурси на државата Хаваи, во кое живеат стотици морски птици и загрозени фоки. Ниту една личност не живее на островот, така што  секоја година се испраќаат тимови на волонтери и експерти како постојано би се проверувала и контролирала  ситуацијата на островот. Нивната задача е да се грижат за загрозени животни, но и да ги отстранат растенијата кои го загрозуваат екосистемот. 

Имено, во текот на осуммесечниот престој на атолот, тие немале пристап до телевизија и мобилен, а пристапот до интернет им бил ограничен, кој што можеле да го користат само за да ги прочитаат најважните пораки што ги добивале преку е-пошта од пријателите и семејството.

Секако, за време на нивниот осуммесечен престој, тие слушнале за коронавирусот, но не можеле да сфатат колку всушност болеста го погодила целиот свет. Особено што истражувачите по островот шетале без маски и без потреба од оддалечување на дистанца од 2 метри.