- Advertisement -
Наука

Дали Меркур има услови за живот?

Меркур - Работник
487views

Луѓето во својата потрага за живот вон Земјата, најчесто се фокусирале на најблиските планети – Месечината и Марс. Но, студијата објавена во Scientific Reports открива дека постои шанса, иако е мала,  дека Меркур е погоден за живот.

Каков живот? Е, тоа е веќе вистинското прашање.

Advertisement

Имено, авторите на студијата истакнуваат дека нивните истражувања и анализи на површината покажале дека хаотичната површина на Меркур, не е резултат на потреси, туку дека пукнатините во кората настанале со претворање во течност која се наоѓала под неа, во пареа и избивала на површината.

Ако таа течност била вода, тоа би можело да значи дека под површината на Меркур може да има живот.

Advertisement
Advertisement

Нашите резултати укажуваат на тоа дека раната кора на Меркур можела да содржи мешавина на органски споеви и мраз кој е дехидриран или е хемиски сменет поради магнетското и соларното загревање, освен во трајните сенки на поларните кратери. Метастабилните и потенцијалните животни услови можат да се развјат епизодно или да постојат внатре во тие материјали во кората, што би ја продлабочило зоната погодна за живот блиску до Сонцето, односно на Меркур, како и на другите слични места во Сончевиот систем, стои во заклучокот на студијата.

Иако научниците се многу внимателни и не сакаат дефинитивно да речат дека на Меркур некогаш одамна постоел живот, откритието на овие елементи би можело да покаже во која насока ќе се истражува за да се потврди или одбие тврдењето.

Advertisement