Дали навистина работите 8 часа од дома? Карли поради една грешка останала без работа и 2,000 евра

Канадскиот суд и наредил на Карли Без да му исплати оштета од 2,459 долари (околу 2,300 евра) на работодавачот, откако било утврдено дека не работела во текот на работното време.

Имено, Карли била вработена како сметководител во компанијата „Reach CPA“ во Британска Колумбија, а бидејќи работела од дома, со помош на софтверот на нејзиниот лаптоп било утврдено дека го „мамела“ работодавачот.

Поранешната вработена првобитно ја тужела компанијата поради неоправданиот отказ, барајќи 5,000 долари компензација, но компанијата во текот на судскиот процес открила дека ги следеле своите вработени преку софтверот „TimeCamp“, кој собира информации за тоа како вработените го поминуваат работното време.

Со помош на овој софтвер компанијата докажала дека Карли поминала повеќе од 50 часа на задачи кои немаат врска со тие на компанијата.

„Идентификувани се неправилности помеѓу нејзините временски листови и евиденцијата на користење на софтверот“, е наведено, пренесува Enterprenuer.

Поранешната вработена се бранела со тоа дека ги печатела документите на кои работела, но како што наведуваат од компанијата, софтверот исто така ја следел и активноста на принтерот и дошле до заклучок дека „не испечатила многу документи“.

Инаку, истражувањата покажуваат дека 78 % од работодавачите користат софтвер за шпионирање на вработените.

Извор: Telegraf Biznis.rs

Фото: Shutterstock