ЗанимливостиНаука

Дали на 1 јануари 2020 година започнува новата деценија? Зависи кого ќе прашате

Дали на 1 јануари 2020 година - Работник
905views

Ова прашање – кога деценијата завршува, а кога почнува новата – се поставува речиси секогаш кога календарот од годината која завршува на 9 преоѓа на година која завршува со нула. Така било с0 1989, потоа 1999, а потоа и со 2009. Дали 1 јануари е почетокот на новата деценија: Или таа, всушност, започнува една година подоцна, на 1 јануари 2021 година.

Кога новата деценија започнува зависи од тоа кој ќе прашате, пишува Си – Ен – Ен.

Американската морнаричка опсерваторија, агенцијата која води сметка за времето во САД, се позанимавала со ова прашање во 1999 година кога луѓето ширеле полемики за тоа кога почнува новиот милениум. Според астрономскиот систем низ кој се пресметува времето, опсерваторијата соопштила дека новиот милениум ќе започне 1 јануари 2001 година.

Со тој систем времето се пресметува по грегорианскиот календат кој започнува со првата година пред новата ера. Во календарот секако не постои нулта годиина.

Сепак, колективната свест е нешто друго.

Кога размислуваме за деведесетите, тука го подразбираме периодот од 1990 до 1999 година. Нема смисла да се пресметува 1990 година како дел од ерата на осумдесетите.

Постои и психолошки аспект на овој феномен наречен „round number bias“ кој ја означува потребата да годините со округол број ги сметаме за почеток на нова декада.

Затоа, Константин Бикос, уредник на TimeandDate.com вели дека двете видувања се точни.

Другите истакнуваат дека системот на кој нашиот календар е базиран сам по себе е непрецизен и неконзистентен, како и дека целата дискусија по ова прашање е базирана на погрешни претпоставки; во јулскиот календар, предокот на денешниот календарски систем, за прва година се зема религискиот настан – раѓањето на Исус – на кој не само што му недостасува астрономска релевантност, туку е базиран на релегиска докторина и поради тоа, во најдобар случај е ништо повеќе од груба процена.