ЗанимливостиНаука

Дали некогаш сте се запрашале каде ве носи патот преку средиштето на земјата?

Дали некогаш сте се запрашале - Работник
254views

Интересната интернет страница “Antipodesmap” им овозможила на корисниците да откријат каде би се нашле кога од било кое место на планетата би ископале тунел преку средиштето на Земјата.

Имено, страната ја прикажува точната локација која е дијаметрално спротивна на местото каде што се наоѓате, односно вашиот антипод, пренесува “National Geographic”.

На пример, доколку почнете да копате дупка во Аргентина, ќе си го ископате патот до Кина. За да завршите на Хаваите, појдовната точна треба да ви биде Боцвана.

И секако, веројатно ве интересира каде би завршиле ако тргнете од Македонија. Па, ако направите тунел од нашата земја, ќе излезете некаде во длабочините на јужниот Пацифик, на илјадници километри од Нов Зеланд.