Правда

Дали новиот закон за заштита и спречување на дискриминација ќе биде во полза на работниците?

307views

На 11 април 2019 година, беше изгласан новиот закон за заштита и спречување на дискриминација. Од Владата излегоа со став дека изгласувањето на новиот закон е победа за сите граѓани. Сепак, главното прашање, кое постојано се врти низ јавноста останува, а тоа е: Дали овој закон ќе се толкува според содржината или кој како што ќе стигне ќе го толкува. „Со овој Закон ги штитиме сите оние кои денеска не се заштитени и се дискриминирани, но се меѓу нас. Граѓаните не избраа со цел да ги заштитиме, да направиме одговорни политики кон секој еден, не само кон оние кои имаат слични верувања и убедувања со нашите“, изјави Министерот за труд и социјална политика Мила Царовска во реплика на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, пишува во дел од соопштението, преземено од веб страна на Владата на Р.М (www.vlada.mk)

Голем број на адвокати постојано апелрираат на работниците, кои подлежале на дискриминација да ја пријават истата, но ретки се таквите случаи. Најголемиот фактор поради кој дискриминираните работници не се осмелуваат да ги пријават работодавачите или нивните колеги е притисокот, најчесто од страна на работодавачот. Друга причина се финансиските трошоци, коишто работниците ги сносуваат за плаќање на адвокати и судски процедури. Голем број на работници, особено во приватниот сектор имаат ниски приходи, со кои едвај успеаваат да фатат крај со крај, па поради тоа трошоците за судски рочишта за нив не незамисливи.

Иако досега има неколку разрешени случаи и утврдување дека навистина се вршела дискриминација над одредени работници, сепак тоа не е доволно. За да навистина функционира законот во потполност, треба да се изнајде соодветен начин преку кој на сите работници, кои биле изложени на дискриминација им се овозможи да имаат можност без никаков притисок.

Овој закон се однесува на сите граѓани на Македонија, но најмногу се однесува на работниците, бидејќи тие се најмногу подложни на дискриминација на работното место. Иако е дефинирано со Уставот на Македонија, а и тоа постојано се зборува по медиумите, сеуште не се почитува во вистинската смисла на зборот. Најмногу на дискриминација на работно место подлежат жените, кои сеуште не се доволно застапени во деловниот свет. Поради сето ова, Меѓународната Организација на Труд, постојано апелира да се почитуваат конвенциите, кои тие ги имаат пропишано и истите да се применуваат во законодавниот систем.

Од Конфедерацијата на Слободни синдикати на Македонија сметаат дека треба во потполност да се спречи дискриминацијата. Тие порачуваат новиот закон за заштита и спречување на дискрминација мора да се почитува и применува. Иако тие го застапуваат јавниот сектор, за којшто велат дека активно ќе се борат за сузбивање на дискриминацијата и родовите нееднаквости, истото го сметаат и за приватниот сектор, каде што работниците се поексплоатирани на дискриминација. Тие додаваат дека во јавниот сектор има дискриминација по политичка припадност, што преставува реваншизам и е лошо по општеството.