НовостиСветот на работникот

Дали припаѓате во некоја од овие групи на работници? Овие трендови ја одбележаа 2023 година

   Време за читање 4 минути

Иако “црвениот бран” на пандемијата со коронавирусот наголемо е зад нас, некои работни навики кои тогаш сме ги стекнале го диктираат темпото и во 2023 година. Во Македонија беше мал процентот на луѓе кои работеа од дома, но компаниите кои можеа да си го дозволат тоа, им овозможуваа да работат на ваков начин. 

И додека компаниите ширум светот ги повикуваат своите вработени да се вратат назад во канцелариите, мал е бројот на луѓе кои би сакале да го направат тоа.

kancelarija kafa zevanje posao noge na stolu kancelarija 460x0 1
Фото: Shutterstock, Tom Merton / Caia Image / Profimedia

Незадоволни од исход на ситуацијата, работниците започнуваат да ги искажуваат своите чувства низ разни видови на однесувања.

Секој од нив во некој од периодите на годината бил т.н. тренд. 

Ги имавме “тивкото откажување”, па “гласното откажување”, оние “уморените од досада”, или пак другите кои изгледаа “премногу зафатено”. Од скоро “преовладаа” оние кои заслужуваат “значка за кафе”. 

Сепак, додека не стигнеме до последниот тренд на работните места, вреди да се потсетиме што значеа претходните. 

“Тивко откажување” наспроти “Гласно откажување “

Терминот “тивко откажување” настана после “Големиот отказ”, кој го опишува бранот на заминувања, особено на младите луѓе, по пандемијата. 

Додека “Големиот отказ” се однесува на радикалните потези и промени на работниците, “тивкото откажување” значи вложување минимален труд во извршувањето на работните задачи. 

Трендот го следат оние работници кои не сакаат да согорат на работните места, т.е. го спречуваат стресот така што работат колку и како сакаат, односно во согласност со тоа “колку се платени”. 

“Гласното откажување” доаѓа нешто подоцна. 

Според еден извештај, речиси секој петти вработен се одлучува за “гласно откажување”, додека “тивките” и понатаму ја сочинуваат 59 % од работната сила. 

“Уморени од досада”

Овој тренд е присутен во американските компании и ја опишува ситуацијата во која на работниците им е досадно, не се ангажирани и не се чувствуваат исполнето на своето работно место. 

“Досадата” влијае на работниците, менаџерите и корпоративна Америка во целина, покажуваат истражувањата на експертите за вработување. 

Овој феномен меѓу вработените се дефинира како хринична досада, чувство дека нечија работа е бесмислена.

Резултатот е стрес, летаргија, намалена креативност и продуктивност, зголемување на менталните и физичките здравствени проблеми, голема флуктуација на работниците и рано пензионирање.

“Изгледаат зафатено”

Овој тренд се поврзува со работниците во Азија кои трошат најмногу време да “изгледаат зафатено”.

Со други зборови, помалку се фокусираат на извршувањето на задачите, а повеќе на тоа да изгледаат како највредните работници.

Т.н. “preformative work” кој во англискиот се користи како термин кој го означува овој вид на однесување на работа вклучува “поминување на многу  часови на состаноци на кои, наводно, тимовите ги претставуваат достигнувањата, наместо да се фокусираат на носење одлуки или решавање на проблемите”.

Едно истражување покажа дека вработените од Индија (43%), Јапонија (37%) и Сингапур (36%) пријавиле дека повеќето од своето време го трошат на работа од глобалниот просек (32%).

Најнов тренд – “Кафеџии”

Најновиот тренд на работните места вклучува појавување во канцеларија, земање кафе, а потоа завршување на работниот ден на друго место. 

Вработените собираат метафорички “значки” за посетување на канцеларијата, дури и ако е тоа само на неколку часа. 

Трендот настанал како резултат на недоразбирањето помеѓу вработените и шефовите поради работата на далечина. Иако “remote work” е популарен помеѓу работниците, новите студии сугерираат дека продуктивноста може да се намали кога работната сила е потполно оддалечена.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock, Tom Merton / Caia Image / Profimedia