СветСиндикат

Дали Фијат ќе го обнови производството во Италија?

Дали Фијат - Работник
177views

Фијат Крајслер (ФЦА) сака да продолжи со производството на автомобили во три фабрики во Италија од наредната недела, доколку добие зелено светло од Владата.

ФЦА минатата недела ги известил синдикатите дека, доколку Владата им даде одобрение за стартување на погоните, компанијата ќе биде подготвена да го обнови делот на своето производство од 6 април, рекол Џанлука Фико, претставник од синдикатот на металски работници УИЛМ, пренесува Ројтерс.

Претходно овој месец, Италија забранила патување внатре во земјата и наредила замрзнување на сите работни активности за кои се смета дека не се есенцијални до 3 април, вклучувајќи ја и активноста на автомобилската индустрија, за да се сузбие ширењето на корона вирусот.

Локациите на кои ФЦА евентуално би го обновил производството се: Мелфи, на југот од Италија, каде што има линии за склопување на џипот Компас, потоа Алтеса во централна Италија, каде произведува лесни комерцијални автомобили и конечно Торино, каде во фабриката Мирафјори се обавуваат подготвителните операции за електричниот модел 500, навел претставникот на синдикатот.

Портпаролот на ФЦА потврдил дека засега планот е овие три линии да се обноват следната недела, но Фико навел дека не се знае дали Владата ќе даде дозвола за тоа и дека тој смета дека најверојатно Рим ќе ја продолжи забраната.