ЕкономијаСвет

Дали Фолксваген ќе изгради фабрика во Турција?

Дали Фолксваген - Работник
144views

Фолксваген повторно ја одложил одлуката за тоа дали ќе гради фабрика за производство на автомобили во Турција, пренел Ројтерс.

„Сеуште имаме време и одлуката можеме да ја донесеме до средина на годината“, рекол за оваа агенција извор запознаен со случувањата во компанијата.

Оваа информација доаѓа по изјавата на Фолксваген во декември дека за планираната инвестиција ќе се одлучи во февруари. Тогаш потврдиле дека не се откажале од проектот, туку само најавиле одложување на официјалната одлука и најава која заеднички требало да ја дадат претседателот Реџеп Таип Ердоган и германската канцеларска Ангела Меркел.

Тогаш било појасенот дека одложувањето е последица на турската воена интервенција во Сирија и стегнатите врски помеѓу Ердоган и Меркел.

Во ноември 2018 година германскиот произведувач на автомобили ја објавил намерата за градење на нова фабрика во Источна Европа во која, помеѓу другото, ќе се произведуваат и возила од марката Шкода Кароч и Сеат Атека.

Како што поминувало времето, повеќето од гласините за тоа кој ќе биде домаќин на новата фабрика на Фолксваген се нашле во медиумите, пренесува Бизнисифно.

На почетокот друштвото на потенцијалните домаќини вкучувало пет земји, но од тогаш изборот е ограничен на Турција и Бугарија како најверојатни локации.

Од тогаш започнало да се зборува за тоа дека изборот ќе падне на Турција. Германските медиуми дури објавиле дека државата Катар која поседува 17 проценти од акциите во Фолксваген побарала од надзорниот одбор да ја одбере Турција за таа фабрика.