ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Дали ќе доцнат платите на работниците?- Компаниите сеуште не знаат како да аплицираат за државната помош

Владата го усвои предлог-буџетот - Работник
171views

Од старт настана проблем со одолвлекувањето на ребаланост на буџетот, па понтаму со изгласувањето на Законот за финансиска поддршка којшто се донесе во петокот, сеуште не е објавен во службен весник, а со тоа сеуште го немаме образецот на веб страната на Управата за јавни приходи преку којшто треба да аплицираме за да можеме да протолкуваме што пишува во самиот закон и понатаму да направиме анализи и да ги поднесеме барањата за фирмите коишто исполнуваат услови, за Сител вели Александра Андреева од Комората на сметководители при Сојуз на стопански комори.

„Значи од старт се доцнеше. Немаше соодветна комуникација помеѓу Собранието и Влада и поради тоа сега не знаеме до кога ќе биде рокот, до кога ќе се продолжи и дали ќе можеме да аплицираме“, рече Андреева.

Не сите имаат средства за да исплатат од сопствен џеб и да го запзат законскиот рок до 15 во месецот кога треба да се исплатат платите, рече Андреева за Сител.