Економија

Дали ќе имаме нова трговска војна со Косово?

Дали ќе имаме нова трговска војна со Косово? - Работник
211views

Дали е на повидок нова трговска војна помеѓу Македонија и Косово? Косовскиот министер за трговија и индустрија во оставка Ендрит Шала се закани дека неговата земја ќе забрани увоз на повеќе македонски производи, откако Македонија забрани увоз на жива риба од Косово, намената за полнење на рибници. Тој за намерата на Косово го известил и нашиот министер за економија Крешник Бектеши. Во писмото до него, се бара Скопје да ги отстрани бариерите, а ако до тоа не дојде, косовската страна “ќе ги разгледа мерките на реципроцитет за сите производи од Северна Македонија кои се увезуваат на Косово”.

“Ова кршење на обврските кон CEFTA од страна на Северна Македонија предизвикува загриженост за мојата влада и ве повикувам што побрзо да најдете решение по ова прашање”, напишал во писмото министерот Шаља.

Македонските министри за економија и земјоделство, Крешник Бектеши и Трајан Димковски уверуваат дека до трговска војна нема да дојде. Проблемот настанал кога од 1 јуни нашата Агенција за храна и ветеринарство добила акредитација по стандардите на Европската Унија, додека Косово се уште ги нема тие сертификати. Димковски тврди дека забраната за увоз на материјал за порибување не важи само за Косово, туку за сите држави кои немаат спроведено контрола и немаат гаранција дека она што го извезуваат во македонија е здравствено исправно, објави Афла.

Целосниот текст можете да го прочитате тука