ЕкономијаСветСветот на работникотСиндикат

Данска ќе субвенционира три четвртини од месечната плата

135views

Данската влада, здружението на работодавачи и синдикатот денес постигнаа договор. Со договорот, државата се обврзува да субвенционира три четвртини од месечната плата на вработените во приватниот сектор, додека работодавците ветија дека нема да отпуштаат работници заради загуби во деловните активности предизвикани од пандемијата на коронавирус.

Државата ќе покрие три четвртини од платата, најмногу до 3.000 евра бруто за вработените со полно работно време. Трипартискиот договор се однесува на компании кои планирале да отпуштат најмалку 30 проценти од вработените или најмалку 50 работници, пишува Плусинфо.

Целосниот текст прочитајте го тука