СветСветот на работникотСиндикат

Да нема државни субвенции за работодавачите кои ќе отпуштаат работници

Да нема државни субвенции - Работник
141views

Словенечкиот синдикат на вработените во претприемништвото и занаетчиството предложил Владата во пакетот за помош на економијата поради епидемијата на корона вирусот да предвиди државни субвенции само за работодавачите кои нема да ги отпуштат вработените барем три месеци после пандемијата.

„Противкризните закони за време на епидемијата се добредојдени и нивната цел е да се зачуваат работните места, но и покрај тоа забележуваме раст на отпуштени работници“, навела во соопштението секретарката на синдикатот Ана Чермељ, пренесува Хина.

Затоа, синдикатот на вработените во занаетчиството и предлагаат на Владата да во следниот законски пакет кој треба да се испрати во парламентот на крајот од април, да го исправи пропустот од првиот „мегазакон“ за помош во време на епидемија.

Првиот законски пакет кој е од саботата во сила, предвидува доделување на вкупно три милијарди евра на државни субвенции, со што се решава прашањето за помош на работодавачите, вработените и другите категории на жители до 30 мај оваа година.

Според тој важечки закон, работодавачите можат поради кризата да отпуштаат работници иако додека трае епидемијата ќе добиваат државни субвенции од буџетот, а со новиот пакет би можеле да добијат и додатни средства за зголемување на ликвидноста.

Синдикатот предлага работодавачите со право на субвенции да не можат да отпуштаат работници до крајот на епидемијата и уште најмалку три месеци после прогласувањето на исчезнување на епидемијата.