МакедонијаСиндикат

Да продолжат преговорите помеѓу МОН и СОНК и да се најде прифатливо решение, порача Заев

Да продолжат преговорите - Работник
330views

Премиерот Зоран Заев апелираше преговорите на СОНК и Министерството за образование за зголемување на платите во образованието да продолжат и да се најде решение кое ќе биде прифатливо за двете страни. Синдикатите, рече Заев, треба да се свесни дека државата може да понуди само тоа што навистина може да го даде.

“Јас ги почитувам работничките права. Левичар сум и сакам да имаме задоволни работници заради тоа  задоволни носители на дејност, наставници, професори, но и администрација во образованието може да значиат поголемо пренесување на знаењето кај децата”. рече Заев.

Додаде дека како Владата прават максимални напори да се дојде до решение, бидејќи, како што рече, „ние може да понудиме тоа што навистина може да го дадеме, а тоа што го нема буквално е и невозможно“.

Премиерот потенцира и дека во образованието откако оваа влада е на власт имало две зголемувања на платите од по пет отсто. Сега, рече, понудивме ново покачување од април до година во висина од 10 отсто, објави Сител.

Целосниот текст прочитајте го тука