ПравдаСветСиндикат

Да се спроведе стратегијата против хемиското загадување, порачаа трите најголеми европски организации

Да се спроведе стратегијата - Работник
57views

Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК заедно со Европската организација на потрошувачи – БЕУЦ и Европскато еколошко биро – ЕЕБ ја повикаа Европската комисија за изградба на Европа којашто ќе ги заштити луѓето и екосистемите од хемиското загадување, пишуваат во заедничкото соопштените трите организации.

Во заедничкото писмо пратено до Претседателката на комисијата, вон дер Лајен, трите граѓански организации ја посочуваат итноста од усвојување на хемиската стратегија до 2030 година од страна на ЕУ за да се создаде нетоксична економија и поздрава иднина.

Според Пер Хилмерсон, заменикот генерален секретар на ЕТУК, задолжен за безбедност и здравје при работа: „Хемикалиите можат да придонесат за нашето општество, но многу од нив можат да предизвикаат здравствени проблеми како заболување од канцер на работно место. За да се спречи заболувањето од канцер на работното место, треба да се изврши ревизија врз Директивата за канцерогени и мутогени и да се вклучат додатни мерки за спречување на проширувањето на оваа болест“.

ЕТУК, БЕУЦ и ЕЕб се трите најголеми граѓански организации кои ги претставуваат гласовите на работниците, потрошувачите и околината на ниво на Европската Унија.

ЕТУК претставува 45 милиони работници од 90 национални синдикати во 38 европски држави и 10 европски секторски синдикални федерации.