ПравдаСветСветот на работникот

Двајца работници заразени, а Амазон не ги затвора центрите

Двајца работници - Работници
133views

Компанијата Амазон потврдила два нови случаи на заразени со корона вирусот во своите објекти во САД, односно во Мичиген и Оклахома.

Меѓутоа, Амазон нема да ги затвори своите центри во кои дошло до инфекција, бидејќи се соочува со зголемена побарувачка за испорака на производите непосредно пред избивањето на епиемијата, пишува „Фајненшл Тајмс“.

До тоа дошло откако група на сенатори на САД изразиле загриженост на Џеф Безос во врска со безбедноста на внатрешните процеси на Амазон поради пандемијата, а потенцијално и за потрошувачите.

Еден работник од центарот за сортирање во Браунстон во Мичиген последен пат на работното место бил на 16 март, но сега е во карантин и му се укажува медицинска помош, потврдил Амазон откако бил контактиран од ФТ. Како што рекле од компанијата, работникот во тој период примал полна плата.

Амазон навел дека само дека на „неколкумина“ од вработените кои биле во „близок“ контакт со тој работник им рекол да останат дома 14 дена, како и дека за тоа време ќе бидат платени.

Според некои процени, во тој центар за сортирање има 300 вработени, пишува ФТ.