ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Два денара поддршка за лозарите, ќе се интервенира не само кај две, туку кај четири сорти грозје

Два денара поддршка за лозарите - Работник
17views

Двојно поголема дополнителна поддршка и не само за две, туку за четири сорти грозје, ќе добијат наскоро лозарите. Како што најави денеска министерот за земјоделство Трајан Димковски, на лозарите ќе им бидат префрлени по два денара за килограм грозје, а не по еден денар како лани. Притоа, освен кај смедеревка и вранец ќе се интервенира и кај кратошија и станушина.

ако што рече Димковски, одговорајќи на новинарски прашања по доделувањето на договорите за подршка на деветте локални акциски групи., веќе следната недела се очекува ваквата одлука да биде ставена на владина седница и потоа, најбрзо што може, да биде и конкретно реализирана.

-Бербата заврши и веќе направивме анализи. Барањето беше за цела откупена количина да се оди со дополнителна мерка. Но, ние ќе интервенираме кај сортите чија цена се движеше од 10 – 12 денари. Оценивме дека на таа листа, во таа категорија со пониска цена на пазарот, покрај смедервка и вранец кои лани беа поддржани со еден денар, се и кратошија и станушина, рече Димковски, пишува Либертас.

Целосниот текст прочитајте го тука