- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Две компании во БиХ им забраниле на работниците да работат ако не се вакцинираат

Две компании - Работник
1.4Kviews

Две приватни компании во Босна и Херцеговина ги известиле своите вработени дека мораат да се вакцинираат портив коронавирусот, бидејќи во спротивно нема да им биде дозволено да работат. 

Случајот на компаниите од Босанска Дубива и Милиќ, кои на вработените им поставиле ултиматувам за вакцинацијата, започал расправа за тоа дали компаниите можат тоа да го бараат од своите работници, со оглед на тоа дека вакцинацијата е доброволна. 

Од Министерството за труд на Република Српска рекле дека тоа прашање не е дефинирано во одредбите од Законот за работни односи, додека од Унијата на работодавачи на Република Српска се залагаат за вакцинација, но без присилување, пренесува Клих.ба.

„Ставот е луѓето да не се прислуваат, а со оглед на законските решенија, тоа не може ни да се применува. Мислам дека најголемиот дел од работодавачите нема да преземат такви мерки“, рекол Претседателот на Унијата, Саша Тривиќ. 

Директорот на компанијата од Дубица тврди дека компанијата никого не условува да се вакцинира преку официјален допис. 

„Јас не отпуштам работници. Ги повикувам и ги молам да се пријават за да се вакцинираат преку Стопанската комора, поради своето здравје и здравјето на своите семејства, но и самата фабрика која вработува 380 луѓе. Ако се грижиме за 380 семејства, обезбедуваме работа, не ѝдолжиме ништо на државата, минимумот кој го бараме е овие луѓе да се пријават за вакцинација. Ако не се вакцинираат, работниците не можат да влезат во фабриката, бидејќи сакам да го заштитам здравјето на луѓето, работните места и работењето“ истакнал директорот. 

Навел дека минатата недела на боледување биле повеќе од 40 работници, а од нив третина се заразени со ковид. Рекол и дека сопствениците на компанијата се италијалнски инвестотори, како и дека Италија ги обврзала вработените во јавниот и приватниот сектор да се вакцинираат. Синдикалнците порачуваат дека е важно да се заштити здравјето, но и работниот процес. 

„Најмногу би сакале сите работници да го прифатат апелот од работодавачите, но и синдикатите, да се заштитат себеси, здравјето на своите семејства и колегите во фабриките, бидејќи за сигурен производствен процес треба да бидеме сите здрави. Од друга страна, мораме да кажеме дека ни со закон не е регулирано деа секој во фабриката мора да биде вакциниран. Тоа е на доброволна основа“, рекол Претседателот на синдикатот за текстил. 

Додал дека за синдикатот најважно е тоа што добил уверување од компаниите дека работнците кои нема да се вакцинираат, нема да добијат отказ. Меѓутоа, Претседателот на синдикатот за текстил предупредува дека постои реална опасност компаниите да го прекинат произвдството поради големиот број на заразени, што ги доведува во прашање и платите. 

Извор: Biznis Telegraf

Фото: Freepik