Правда

Движењето Ленка им даде поддршка на синдикатите и на работниците

Движењето Ленка им даде поддршка на синдикатите и на работниците - Работник
502views

Движењето за социјална правда „Ленка“ излезе со свои ставови по повод организирањето на протестниот собир на Конфедерацијата на слободни синдикати – КСС.

Тие на социјлната мрежа Фејсбук напишале дека секако во услови на (нео) либерализам, социјалниот дијалог не е возможен, уште повеќе, тој е само маска за замајување на работничката класа од страна на властодржците.

Навдуваат дека во вакви околности, должност е на работниците да се обединат наспроти класата на елитни политичари и да го побараат, не само она што е нивно туку и она што е добро за сите, за целокупната политичка заедница.

„Оттаму, овој најавен протест за работнички права, како што е нотирано во самиот проглас: еднаквост, повикување на работничко достоинство и солидарност, е никулец во работничката борба и подигнување на работничката (политичка) свест кај работникот“, истакнаа од Ленка.

Тие искажаа поддршка на синдикатите и работниците во борбата за нивното место во општеството.