ЕкономијаМакедонијаНовости

Двојно намалена извршената работа на домашните градежници во странство

Двојно намалена извршената работа - Работник
69views

Во периодот јануари ‒ септември годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 200.928.000 денари, што е за 17 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во првите девет месеци од годинава  градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 105.339.000 денари, односно за 51,2 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во анализираниот период  градежници работеле во Германија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово и Србија.