ЕкономијаМакедонија

ДВ: Бизнисот се мобилизира против владините даноци

Бизнисот се мобилизира против владините даноци - Работник
191views

Стопанствениците се мобилизираат против оданочувањето на капиталната добивка од 2020 година. Дали промената во ресорот финансии ќе значи и промена на стратегијата? Владата засега е резервирана.

Банкарите, стопанската комора, берзата… Расте притисокот против воведувањето на мерката за данок на капитална добивка која, според владината стратегија, треба да стапи во сила на 1 јануари 2020 година. По воведувањето на прогресивното оданочување, односно зголемувањето на персоналниот данок  за месечни приходи над 90 илјади денари, ова треба да биде втора конкретна мерка која е дел од стратегијата на СДСМ и нејзината програма „За подобар живот“.

Оданочувањето штетно за бизнисот?!

Но како наближува тајмингот за нејзино стапување во сила, така расте притисокот таа да не се спроведува, или да биде одложена до приемот на државата во Европската унија. Како последно алармот за ова пристигна од Македонската берза. Првиот човек на македонскиот пазар на капитал предупреди дека доколку даночната реформа стартува во планираниот период ќе влијае драстично врз одлуките за инвестирање на бизнисмените:

„Реакции од инвеститорите знаете сите дека има, нормално кога од нула доаѓате на некој процент да се оданочува, реакциите се негативни. Тоа дефинитивно ќе влијае на динамиката во иднина и во тој контекст Македонска берза, заедно со другите чинители на пазарот на капитал, прави напори, ќе поднесе иницијатива до Министерството за финансии во која ќе ја образложи потребата од одложување на оданочувањето на капиталните добивки. Тој процес е во тек“, изјави Иван Штериев, директор на Македонската берза, објави Дојче Веле.

Целосниот текст можете да го прочитате тука