ЕкономијаСвет

ДВ: На Германија на есен и се заканува голем бран на стечај

191views

Пандемијата од коронавирусот, односно мерките за борба против Ковид – 19, во Германија ја предизвикале најголемата економска криза после војната. Бројот на компании во стечај е помал од претходните години, но во текот на есентта се заканува голем бран на стечај. 

Да се спасат? Или да се пуштат да пропаднат? Ова било прашањето над сите прашање во март оваа година. Сојузната влада одлучила да спаси се што може да се спаси. Доколку не се веќе во состојба да ги подмируваат своите финансиски обврски или се премногу задолжени, германските компании всушност мораат да прогласат стечај. Поради пандемијата од коронавирусот од 1 март компаниите се ослободени од таа обврска, но само до почетокот на септември. 

На многу компании ова олеснување и тоа како им било потребно бидејќи економијата се нашла во проблеми. Тоа се гледа и по развојот на Бруто домашниот производ: веќе во првиот квартал оваа година БДП -то паднало за 2 %, а во вториот дури за 10 %. За тековната година експертите очекуваат минус од 5 до 8 %.

За да им се помогне на компаниите, сојузната влада усвоила огромни пакети за помош. Истата работа ја направиле и владите на другите држави од Европската унија. Помеѓу другото, кабинетот на Ангела Меркел ги „олабавил“ прописите за таканаречената „работа на скратено работно време“, намалена е стапката на ДДВ, одобрена е привремена помош на компаниите, усвоени се даночни олеснување или во некои случаи државата станала еден од сопствениците во големите компании. На пример, Луфтханза. 

Што носи есентта?

Дали сето ова ќе им помогне на компаниите да се опорават? Во меѓувреме постои страв дека во ноември би можело да дојде до голем бран на стечајни случаи – штом повторно започнат да се спроведуваат правилата за поднесување на барања за стечај доколку некоја компанија е во финансиски тешкотии. 

Бројот на стечајни случаи во првиот дел од годината, додуша, се намалил. „Имаше околу 8 % помалку во првите два квартала оваа година, отколку истиот период минатата година“, вели Патрик – Лудвиг Хантч од агенцијата Кредитреформ која се бави со проверката на кредитоспособноста. Сојузниот завод за статистика за јули очекува пад на бројот на стечајни случаи од 30 % во однос на јули минатата година. 

Дури и сето тоа доколку се протолкува како успех, бројките укажуваат на следното – од мерките очигледно профитираат и компаниите кои имале проблеми и пред короната. Имено, од обврската за прогласување на стечај се изземени сите компании кои од 31 декември 2019 година биле презадолжени или имале потешкотии со подмирување на обврските. Меѓутоа, на почетокот на минатата година во Германија пандемијата и короната не биле воопшто теми на разговор, така да во тој „воз“ се качиле и компаниите за кои не била планирана помош. 

Нездравите компании ги загрозуваат здравите

На почетокот, секако, на компаниите било важно да им се даде доволен маневарски простор за да државната помош има ефект. Меѓутоа, начелно е важно да и во кризата функционираат механизмите на „чистење“ на пазарот преку стечај, рекол Хантч. 

„Ако ниедна компанија не оди под стечај и не исчезне од пазарот, тоа значи дека повеќе не постои разлика помеѓу добри и лоши бизнис модели“. Со тоа можат да се направат проблеми на здравите компании. 

Кога економијата повторно ќе стартува, компаниите и понатаму треба да бидат внимателни „бидејќи ни самите не знаат кој е во стечај или е неликвиден и кој во секој случај ќе ги плати сметките“, објаснува соговорникот на Дојче Веле. Како резултат на тоа, дури и здравите компании можат да се најдат во проблеми доколку сметките не им бидат подмирени, а се закануваат и таканаречени ланчани стечаи. Истражувачкиот центар на Дојче Банка предупредува дека таквите „зомби – компании спроведуваат агресивни поликите на цените кои ја оптеретуваат профитната маржа на здравите компании и ги кочат во целост структурните промени“. 

Не смее да се заборави дека уште пред короната во многу сектори од економијата, како автомобилската индустрија или трговијата – започнала трансформацијата. „Короната сега е нешто како катализатор“, истакнува Хантч. Поради суспензијата на обврските и поднесувања на барањата за заминување во стечај тој катализатор сега не функционира. 

Но наскоро, кога сегашните правила повеќе нема да вредат, навистина ќе дојде до бран на стечај, а тоа ќе влијае и на пазарот на трудот, вели Клаус – Хеинер Рохл од Институтот за гераманска економија. Истакнува дека ќе бидат погодени и банките. „Тие се доверители на инсолвентните компании, а тоа значи дека постои ризик од банкарска криза“, рекол тој за Дојче Веле

Сеизмографот наречен стечај

Но, како всушност стојат работите со комоаниите во Германија? Стечајот во нормални времиња е своевиден сеизмограф за ситуацијата во економијата, вели Хантч. Со оглед на то дека сега тој сеизмограф е „исклучен“, Кредитреформ во анализата користел други показатели. „Набљудувавме како се плаќаат сметките, колку нараччи има и многу други аспекти. Дојдовме до заклучок дека на компаниите не им оди добро. 

Тоа не е изненадување. На многу компании пополека им се снемува пари. Во секој случај, се повеќе отворени сметки се плаќаат со задоцнување. Моралот на плаќање актуелно е најлош досега откако започнал да се плаќа тој аспект од работата, од летото 2015 година. 

Според истражувањата на институтот ифо во јуни, петина од германските компании сметале дека корона кризата им ја загрозува егзистенцијата. Според процените на Кредитреформ, во септември околу 550,000 компании ќе се најдат во помали или поголеми проблеми. За споредба: во 2018 година имало 330,000 таканаречени „зомби – компании“. 

Проблемите се само одложени

Доколку корона кризата потрае подолго и ако се продолжи суспензијата на обврските за заминување во стечај, бројот на „болни“ компании ќе се зголеми, уверен е Хантч. Сојузната министерка за правосудство Кристин Ламберчт предлага продолжување на суспензијата до март 2021 година. 

Од друга страна, компаниите се загрижени. Претседателот на германската индустриска и трговска комора (ДИХК) Ерик Швартцер смета дека „продолжувањето би било на шетета на доверителите и така би ги загрозило и другите компании. Тој смета дека би било подобро кога законската регулатива би се реформирала.  И здружението на стечајни управители во Германија предупредува на можни штетни последици од продолжување на суспензијата на стечајните регулации. 

За да се намали очекуваниот бран на стечајни случаи, односно за да не се зголеми задолженоста на компаниите, Клаус -Хајнер Рохл предлага да се одложи доделување на кредити со кои се овозможува преживувањето на компаниите бидејќи „во еден момент кредитите ќе треба да се вратат“. Наместо тоа, одредените кредити кои некоја компанија ги добила би можеле постепено да бидат „претворени“ во неповратна помош – на пример за зачувување на работните места или стручна обука, смета тој.