Занимливости

Дедо Мраз пристигна на плоштадот „Македонија“

Дедо Мраз пристигна - Работник
156views

Новогодишната магија на „Винтерленд“ денеска ја надополни доаѓањето на Дедо Мраз кој меѓу насобраните деца на плоштадот „Македонија“ пристигна точно во 12 часот, и тоа на електричен тротинет. Доаѓањето на Дедо Мраз предизвика еуфорија меѓу присутните на плоштадот кои се фотографираа со својот омилен лик, пееја новогодишни песни и се радуваа.

На присутните деца на плоштадот „Македонија“ им се обрати и градоначалникот Шилегов и им посака добро здравје, среќа и успех во учењето во Новата 2020 година.

Детската новогодишна програма на „Винтерленд“ денеска ја збогатија и хитовите од Златно славејче.

Извор: Град Скопје