- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Делегацијата на германското стопанство го поздравува донесувањето на законите за реализација на петтиот сет мерки

Бесими - Работник
112views

Делегацијата на германското стопанство го поздравува донесувањето на законите со кои се овозможи имплементација на петтиот пакет економнски мерки. Потсетува дека работодавачите и лицата кои се самовработени можат да поднесат апликации за поддршка на плата до 30 април.

-Пратениците од владеачката партија и од опозицијата минатиот викенд го одобрија петтиот пакет антикризни мерки, од кој зависи финансиската поддршка за деловните субјекти и граѓаните за време на пандемијата, како и исплатата на платите за февруари и март. Петтиот пакет содржи вкупно 29 мерки во вредност од 9,7 милијарди денари, односно околу 160 милиони евра. Мерките се поделени во четири столба: директна финансиска поддршка за компаниите со цел задржување на работни места, финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со помош на бескаматни заеми, создавање на поволно деловно опкружување преку систематско редефинирање на царинските тарифи, и намалување на парафискалните тарифи и даночни олеснувања. Законските решенија, кои беа изгласани на седница одржана во неделата, а се однесуваат на исплата на плати за месеците февуари и март 2021 година ќе опфатат 60 илјади работни места, наведува директорот на Делегацијата, Патрик Мартенс.

Advertisement

Тој, како што информира, остварил средба и со министерот за финансии, Фатмир Бесими на која во фокусот биле реформите на даночниот систем.

-Бизнис секторот ја поздрави идејата за подобрување на даночната политика, пред се во намерата да се вклучи и неформалниот сектор при нејзиното креирање. Во име на компаниите чии интереси ги застапува Делегацијата на германското стопанство беше посочено дека предвидливоста во однос на даночните измени е од особена важност при долгорочното планирање на компаниите. Темата за царините беше повторно спомната со цел потенцирање на важноста за изнаоѓање на долгорочно решение во однос на висината на царинските стапки, кои ги засегаат сите извозно ориентирани компании, вели Мартенс.

Advertisement
Advertisement

Advertisement