- Advertisement -
Економија

Делегацијата на германското стопанство ќе ги поврзува компаниите од регионот со германски компании

Делегацијата на германското стопанство - Работник
158views

Делегацијата на германското стопанство во земјава во текот на октомври организира два настана преку кои ќе ги поврзува македонските компании со компании од странство

Како што најавувааат од 20 до 22 октомври заедно со Здружението на метална и електро индустрија – МАМЕИ, ќе се одржи дигитална конференција и саем „Macраedonian Manufacturing Expo“.

Advertisement

Целта е на германските компании да им понудат можност да најдат нови добавувачи од Северна Македонија, Албанија и Косово.

Оваа година очекуваат 30-тина германски компании да учествуваат на Macedonian Manufacturing Expo.

Advertisement
Advertisement

Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија и Германско-бугарската стопанска на 29 октомври организира заедничко истражувачко патување на тема рударство во Северна Македонија и Бугарија.

На дигиталната конференција експерти од рударската индустрија ќе ги презентираат можностите и потенцијалот на овој сектор во двете земји како и шансите кои се нудат за германските компании на овие пазари во областа на рударството, машинскиот инженеринг и преработката на суровини.

Извор: Лидер

Advertisement