МакедонијаСиндикат

Делегација на СПМ положи цвеќе пред спомен обележјето на прерано загинатите млади полицајци

   Време за читање помалку од минута

Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:

Денес по повод 7-ми Мај- Ден на полицијата, делегација во состав на Советник на Претседателот на СПМ Миќи Михајлоски и двајца членови на Синдикат на полиција во Македонија, во дворот на ОВР Радовиш положија свежо цвеќе и оддадоа почит пред спомен обележје подигнато во чест на прерано згаснатите млади животи на полициските службеници: Ерол Готак, Саше Соколов и Коце Крстев, кои во 2001 година застанаа на браникот на државата во одбрана на суверенитетот и интегритетот на Република Македонија.

Нека се помнат вашите дела , нека се споменуваат вашите свети имиња со векови!

Храбри момци кои ни живот не штедевте во одбрана за оваа парче крвава и напатена земја!